Библијската поука е направена парциално по денови само затоа да би се секој ден проучувало! Зошто не е направена да се пручува поретко? Тоа ни кажува дека секој ден треба да проучуваме нешто од Библијата, Духот на пророштвото...мислам дека не е важно што е тоа! И мислам дека не треба да и се укажува толку голема важност на Библијската поука, а да се запостави Библијата и книгите на сестра Елена Вајт! И мислам дека Библијската поука е малку „штура„ со цитати од Духот на пророштвото. Не знам дали некој од вас имал можност да види Библијска поука од малата заедница, од вегетарите. Нивната поука е исполнета со цитати на Елена Вајт. И уопште нема мислења на обични луѓе. Сепак мислам дека Елене Вајт не е обичен човек, туку Божји пророк. Значи Библија и книгите на Елена вајт се одлична комбинација за проучување. Да не испадне дека ја напаѓам Библијската пука, но сепак мислам дека не треба да се става на прво место... Многу луѓе денес мислат дека тие имаат добра заедница со Бог ако проучуваат поука, а тоа го прават чисто да ја задоволат формата и да поминат од редот и да покажат што знаат во сабота кога треба да се повтори поуката... Конкретно за младите, мислам дека треба да се соберат некои поинтересни материјали од страна, вон библијската поука да би се заинтересирали. И кога се повторува поуката, не треба да се задржуваме само на тоа што го пишува тука, туку треба малку да се фокусираме на најважниот дел за нас од библијската поука. Да си отидеме од саботната школа со нови одлуки и со нови совети... А не да биде само формално изговорена библиската поука!