Бог го создал човекот со добро здравје. Никогаш не била Божја намера човекот да биде болен, да страда и на крај да умре. Болеста, страдањата и смртта се последица на отфрлувањето на Божјиот авторитет од страна на човекот. Но Бог не го оставил човекот во безнадежна состојба. Во Исуса Христа Тој ни нуди лек против смртта. ;Зашто Бог толку го возљуби светот, Што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен„ (Јован 3,16). Христос умрел наместо нас и, ако го примиме како наш Спасител, Тој ќе не ослободи од втората - од вечната смрт.
Бог сака да бидеме здрави за да можеме подобро да ну служиме Нему, на нашето семејство и на нашите ближни. Затоа во својата реч ни дал здраствени начела кои, ако ги почитуваме, ќе ни донесат добро здравје, среќа и долг живот.
Повеќе