Што претставува вдаховеност или откровение?
Како го добиваат посебно одредени луѓе наречени пророци и како знаеме дека тоа е од Бог а не од луѓето
Преку откровение Бог ни открива за настаните што треба да се случат наскоро.Пример за тоа како Бог му ги дава пророштвата на своите пророци имаме во Откр. 1,1-2.
Извор на Откровението е Бог.Он му го дава откровението на Христа, а Христос преку своите ангели му го соопштил на Јован.Исус е посредник помеѓу Бог и човекот.Откако гревот се појавил на Земјата,Божјите откровенија се дадени преку Исус и Неговиот Дух.Тој е алка помеѓу небото и Земјата.Додека веста била во Христовите раце,била сигурна од секакво расипување.Но,кога преминала од божествените раце во рацете на создадените суштества,макар да бил и ангел,било потребно да биде на посебен начин чувана.Изгледа дека улогата на Светиот Дух била токму во тоа,да го сочува пренесувањето на Божјите вести неизменето од ангелот до пророкот и од пророкот до народот.
ПовеќеДискусија за библиската поука 24.01-30.01.09