Сосема грешно си ги сфатил работите.
Кои настани го означуваат почетокот на илјадогодишното царство или милениумот?
Во почетокот на илјадогодишното царство се случуваат следните пет настани:
1. Христовото второ доаѓање.
„Ова, пак ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените, бидејќи сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите во Христа“ (Сол. 4,15.16; Евреите 9.28).
2. Мртвите верни воскреснуваат, а живите верни за миг стануваат преобразени.
„Бидејќи Сам Господ со заповед при глас на архангели при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите во христа; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа“(1.Сол.4.16.17).
„Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, одеднаш во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме“ (1.Кор.15,51.52).
Т ука треба да истакнеме дека постојат две воскресенија: Прво воскресение или воскресениена праведните и второ воскресение или воскресениена грешниците. Првото воскресение Исус го нарекува воскресение на Животот, а второто, воскресение на судот (Јован 5,28.29). Библијата ги нарекува блажени и свети оние што ќе имаат дел во првото воскресение (Отк. 20,6). Грешниците ќе станат од Гробовите по илјада години - тоа е второто воскресение (Отк. 20,5). Значи, милениумот (Илјада години) е ограничен со два посебни настани- со првото и второто воскресение.
3. Живите непокајани ќе бидат унижтени со славата на Христовото Доаѓање.
„Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки: Јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, се до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите. Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа; но во истиот ден, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги изгоре сите; Така ќе биде и во денот, кога ќе се јави Синот Човечки“ (Лука 17,26-30).
4. Сите праведници ќе бидат земени на небото.
„1.Сол.4,16.17; Јован 14,1-3).
5. Сатаната Ќе биде врзан.
„Го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната - и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години; по оваа време тој треба да биде пуштен за малку време“ (Отк.20,2.3).
Значи во текот на тие илјада години Земјата ќе биде пуста, а сатаната на неа врзан со синџирот на околностите.
Значи не буквално со синџири врзан, Туку врзан со синџирот на околностите. А кои се тие околности?
„Ја гледам Земјата - и ете, таа е разорана и пуста - небесата, и нема на нив светлина. Ги гледам горите - и ете, тиа треперат и сите ридови се нишаат. Гледам - и ете , нема човек, и сите небески птици одлетале. Гледам - и ете, Кармил е пустина, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, Од јароста на Гневот Негов“ (Еремија 4,23-26). Значи во кратки црти уште еднаш ќе повторам. Исус иде по втор пат. првин воскреснуваат мртвите праведни , а шивите се преобразуваат и одат во пресрет на Исуса На облаците. А додека живите неправедни умираат од неговата слава и светлина. А умретите грешници не стануваат сега проликом второто Христово доаѓање, Туку после илјадогодишното царство кое ќе биде горе на небото и кога Исус По трет пат заедно со верните ќе слегне со градот Ерусалим. А сатаната како што рековме е врзан, знаеш на кој начин? Што веќе земјата е пуста и нема нанеа луѓе кои може да ги лаже и бунтува. И така сам како врзан за да неможе да прави зло тие илјада години сатанатаљ ќе размислува што се му сторил на Бога и на неговиот народ.
А тоа што ќе прават праведните на небото за време на тие илјада години понатаму ако сакаш ќе го објасниме и тоа.
Но те молам сериозно и со молитва читај ги овие зборови и че ги разбереш