Anonimous не дека нема никој за молитва. Можеби се срамат или пак уште сме малку членови, еве јас ке го скршам мразот. Викендов бевме во Струмица и тамо запознав бивш наркоман кој Бог го извлекол од тој порок. Во разговор се спомнаа некои имиња кои стварно биле профисионалци во својата професија, но имало некои работи во професијата кои се косело со принципите Божји, и тие решаваат да се откажат од нивните професии. Ме зарадува што Бог има и такви луѓе во неговото стадо . Да не должам и јас много: Еве еден период од мојата професија има една гранка кое некако не ми е чиста со принципите Божји, а жално е што и не сум сигурен дали е во ред или само правам компромис, а таа гранка мислам дека најголемиот профит ми го носе. Молете се за мене заедно со мене. Бог да ми даде јасно слика, мудрост а и сила ако стварно ги кршам принципите Божји да се откажам .