Евангелистичката лутеранска црква во Америка ги повика своите верници да најдат начин и да ги поддржат членовите на црквата кои живеат во постојана, моногамна, еднополова заедница. Склучувањето на бракови од ист пол се уште официјално не е одобрено.
Најголемата американска лутеранска црква на хомосексуалците и лезбејките кои живеат во сериозна заедница, неодамна им дозволи да вршат служба, со што е прекината досегашната пракса, црковните должности да можат да ги вршат само тие кои живеат во целибат.
Евангелистичката лутеранска црква во САД исто така ги повика своите верници да најдат начин и да ги поддржат, т.е. да ги признаат членовите на црквата кои живеат во постојана, моногамна заедница од ист пол, но официјално не одобрила склучување на бракови од ист пол, ниту било какви црковни церемонии по тој повод.
Па сепак, ставот на оваа црква која има 4,6 милиони членови е најлиберален од сите американски цркви кога се работи за односот кон сексуалната ориентација, која денес претставува едно од најважните прашања, за кое Америка е многу поделена.
„Се работи за луѓе кои се во постојана истополова заедница“, изјави портпаролот на евангелистичката лутеранска црква Џон Брукс, по тродневниот конгрес во Минеаполис.
Во резолуцијата, која е усвоена со 559 гласови за и 441 глас против, истакнато е дека црквата е посветена на пронаоѓање на начин да овозможи на луѓето кои се во постојана, долгогодишна, моногамна, истополова заедница, да вршат служба во црквата.
Хомосексуалците и лезбејките порано не можеле да вршат служат во црквата доколку не живееле во целибат.
На црквата и претстои да усвои процедурални измени, за да може резолуцијата да стапи во сила. Брукс се надева дека до 2010 година црквата ќе ја спроведе новата политика.
Одлуката на евангелистичката лутеранска црква уследи по сличните одлуки на американската епископска црква, донесени минатиот месец.
Повеќе
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113178