Ајде да почнеме вака:
Кој ја создал земјата?
Битие 1:1,26
Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”
(издвојувам, СПОРЕД НАШИОТ ЛИК, СПОРЕД НАШАТА СЛИЧНОСТ, значи не мојата туку НАШАТА)
Јован 1:1-3, 14
Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.
Тоа беше во почетокот во Бога.
Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
И Словото стана тело и се настани меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден од Таткото - полн со благодат и вистина.
(повторно две лица, Словото - Исус, и Таткото)
Евреите 1:1,2
Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот,
Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого ги создаде и вековите.
(повторно две лица, Бог и Синот)
Еве нешто за Светиот Дух
1 Солунјани: 4:8 Затоа, кој го отфрла тоа, не го отфрла човекот, туку Бога, Кој ви Го дава и Својот Свети Дух.
Јован: 20:22 Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух!
Јован: 14:26 а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.
Еве мое мислење. Тројството се состои од Бог Отец, Бог Исус, Бог Свети Дух. Ова всушност не се три Бога туку една целина, Еден Бог изразен преку три лица. За односот помеѓу нив можеме да знаеме меногу малку (нашиот мозок тешко може да свари некои работи).
Е сега, во одредено време од историјата секое лице на Бог се јавува и извршува одредена служба.
Отец - Создава, Го одбира Авраам и Израил понатаму за свој народ, дава 10 заповеди, ги вдахновува писателите да ја пишуваат Библијата го испраќа Исус на земјата.
Син - Создава, доаѓа на земјата, живее посветен живот, врши добри дела, ги учи луѓето за небесните вистини, страда и умира заради нашите гревови а за да имаме вечен живот, воскреснува, оди при Таткото, го испраќа Светиот Дух.
Свети Дух - Создава, доаѓа кај оние кои се посветени и го држат учењето дадено претходно (како во стариот така и во новиот завет), помага и дава нова светлина за нештата, не учи на тоа што е грев а што не е за работи кои не се објаснети во Библијата поради тоа што не постоеле во времето кога е пишувана, ни дава сила да издржиме, ќе биде со верните до завршетокот на времето на милоста.