Не мора трошка никого да убедуваш дали е така или не. Како прво не ни е потребна Елена Вајт, туку Библијата, а тие што се кажуваат дека си ја знаат Библијата, вистина ти велам, многу јасни работи ги вртоперат, и самите не знаат зошто се така, но искрено веруваат дека се во право. Ма колку и да го кажува спротивното Библијата, а не Елена Вајт, тие ќе кажат, дека не е така, и ке извадат некои аргументи од ракав, за да се оправдаат. Свесно или несвесно го прават Бога лажливец, а самите се поставуваат погоре од Него, менувајќи го Законот Божји, иако јасно и гласно Библијата вика на целиот глас дека нема никакво менување на Законот, но ете и тоа не го гледаат. Па како сакаш ти трошка да ги прифатат советите од Елена, кога тие Бога, го ставаат во позадина, а не пак некој човек. Нема потреба повеќе да се докажува дали некој е пророк или не, тоа Бог го знае, а пред Него сите ќе одговараме, како што вели Исус „за секој лош збор.“