Автор Тема: Библиски стихови за НАДЕЖТА (во случај на смрт)  (Прочитано 792 пати)

Отсутен Vrata

  • Global Moderator
  • Hero Member
  • *****
  • Пораки: 610
  • Репутација: +1/-1
    • Погледај го Профилот
1 Солунјаните 4:13-18

Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж.
Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него.
Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле;
зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.
ЧУДНИ СЕ ПАТИШТАТА БОЖЈИ!

Отсутен stranec

  • Member
  • Jr. Member
  • *
  • Пораки: 64
  • Репутација: +0/-0
    • Погледај го Профилот
Одг: Библиски стихови за НАДЕЖТА (во случај на смрт)
« Одговори #1 на: Декември 05, 2009, 11:30:53 pm »
За мене еден од прекрасните стихови за надежта е стихот од Еремија 29,11.
„Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас, зборува Господ - замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“