“На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим; правеше што е зло во Господовите очи.” – 2 Letopisi 36:9
“На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му и беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим.” – 2 Carevi 24:8
“На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј.” – 2 Carevi 8:26
“Ерусалимците го зацарија на неговото место најмладиот му син Охозиј, зашто сите постари ги беше убила четата, која со Арабјаните нападна врз логорот; така се зацари Охозиј, син на јудејскиот цар Јорам. Му беа четириесет и две години кога се зацари. Царуваше една година во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Готолија, Амриева ќерка.” – 2 Carevi 22:1.2
“Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.” – 2 Samuilova 8:4
“Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто.” – 1 Letopisi 18:4