Автор Тема: Вистинската дефиниција за вера  (Прочитано 333 пати)

Отсутен Love

  • Newbie
  • *
  • Пораки: 45
  • Репутација: +0/-0
    • Погледај го Профилот
Вистинската дефиниција за вера
« на: Февруари 21, 2010, 04:57:05 pm »
Сега да кажеме за нешто за тоа што би требало да знаеме најповеќе.
ВЕРА - Вистинската дефиниција за вера секој би рекол дека е:
Евреите 11:1  А верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат.“
Еве сега да направиме вака, и да видеме дали има Библиска смисла се ова што ќе биде искажано.
ВЕРА Е - ГЛЕДАЊЕ НИЗ БОЖЈИТЕ ОЧИ
1. ДА СЕ ГЛЕДАШ САМИОТ КАКО ШТО ТЕ ГЛЕДА БОГ
2. ДА ГИ ГЛЕДАШ ДРУГИТЕ КАКО ШТО ГИ ГЛЕДА БОГ
3. ДА ГО ГЛЕДАШ СВЕТОТ КАКО ШТО ГО ГЛЕДА БОГ
Сега да го прочитаме Посланието до Евреите 11, и секогаш кога ќе се сретнеме со зборот вера, освен на 11:1, ќе го замениме со ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА.
Евреите 11:1 А верата е тврда увереност во она на кое се надеваме и убедување за нештата, што не се гледаат.
Сега гледајте и разберете го се ова што е напишано. 
Евреите 11:2 „Зашто преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА старите добија сведоштво.
Евреите 11:3-  „Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА  разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Авел Му принесе на Бога жртва подобра од Каиновата; преку неа прими сведоштво дека е праведен, зашто Бог посведочи за неговите дарови; и преку вера тој уште зборува, иако е умрен.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Енох беше пренесен така, да не ја види смртта, и веќе не се најде, зашто Бог го зеде; зашто, пред неговото земање, тој доби сведоштво дека Му угодил на Бога.
А без ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Ное беше известен за она што уште не се гледаше, поттикнат од стравопочитување, приготви ковчег за спасение на својот дом; со неа го осуди светот и стана наследник на праведноста, која е според  ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Авраам послуша, кога беше повикан да излезе на местото што требаше да го прими во наследство, и излезе не знаејќи каде оди.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА се насели во земјата на ветувањето, како во туѓа и се настани во шаторите заедно со Исака и Јакова, сонаследници на истото ветување, зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА и самата Сара доби сила да зачне, во напредната возраст откако Го сметаше за верен Оној, Кој и беше ветил.
Затоа од еден и тоа речиси мртов, се намножи многу народ „како небесните ѕвезди и како песокта на морскиот брег, што не може да се изброи.”
Сите овие умреа во ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА, не добивајќи ги ветувањата, туку само оддалеку ги видоа и ги поздравија, и исповедаа дека се туѓинци и придојденици на земјата.
Со други зборови во 13 дел од посланието се вели: Тие не можеа да видат, но видоа.
Тие не можеа да видат со сопствените очи, но можеа да видат низ Божјите очи, но што беа Божјите очи? Да гледаме се околу себе како што гледа Бог.
Зашто, кои зборуваат така, покажуваат дека ја бараат родината.
И ако при тоа мислеле на онаа, од која излегле, имаа време да се вратат;
но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Авраам - кога беше испитуван - го принесе Исака, и тој, кој ги прими ветувањата го принесе својот единороден син.
 Кому му беше речено: „Во Исака ќе биде наречено твоето Семе.” Тој помислил дека Бог може и од мртвите да воскреснува;
затоа го прими и како преобраз на воскресението.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Исак ги благослови Јакова и Исава, и во однос на идните нешта.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Јаков, умирајќи, го благослови секој Јосифов син, и Му се поклони на Бог потпирајќи се на врвот од својот стап.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Јосиф на умирање спомна за излезот на Израелевите синови и даде заповед за своите коски.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Мојсеј, кога се роди, неговите родители го криеја три месеци, зашто видоа дека детето е убаво и не се уплашија од царевата заповед.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка, и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот.
Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА го напушти Египет, не плашејќи се од царевиот гнев, зашто веруваше во Оној Кој не се гледаше, како да се гледа.“
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА ја прослави Пасхата и изврши попрскување со крв, за да не го допре оној, кој ги сотруваше првородените.
Преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА поминаа преку Црвеното Море како по суво, а Египќаните - кога се обидоа, се издавија.
Има уште да се пишува но мислам дека е доволно. Дали сега кога ќе го прочитате Посланието на Евреите за силата на верата, не стана некако поживо, поразбирливо за читање.
Еве уште неколку кратки примери за верата.
2 Коринтјаните 5:7 „ бидејќи според ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГЛЕДА живееме, а не според нашето гледање.
Еве уште појасно и поконцизно:
Авакум 2:4 „... а праведникот ќе живее преку ГЛЕДАЊЕТО КАКО ШТО ГОСПОД ГО ГЛЕДА ВО ХРИСТОС.
Многу интересно, и уверен сум дека е Библиски. Сега која сака нека си ја чита Библијата, и секогаш кога ќе го сретне зборот вера, нека прочита, како што е напишано горе.
1 Петар 4:4 „Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот и хулат на вас.“