Интересно и дискутабилно прашање. Музиката е многу мистериозна и комплексна работа. Освен зборовите и мелодијата јас лично верувам дека постои една трета димензија на музиката која останува мистериозна. Секоја музика која те покренува да играш или барем да удираш со нога не е добра. Христијанските химни кои на некој начин те подигаат и кои те приближуваат кон Бог, музика за која мислиш дека во секое време би ја пеел и свирел Исус и ангелите со тебе, музика која би ја слушал во присуство на Исус е права музика која треба да ја слуша секој Христијанин! Дали се осекаш помалку неприатно кога во црква ќе чуеш некоја агресивна музика? Тоа е затоа што знаеш дека Исус е присутен тука и немаш храброст пред него да пуштиш таква музика. Кога би имале свест дека Исус е секогаш со нас, никогаш не би слушале лоша музика. Совеста ни работи доволно добро да не предупреди што е добро а што е лошо. И мислам дека не е тешко да се препознае која музика е од Бог а која е од ѓаволот.. И позади се што постои стои или Бог или сатаната.
Чувајте се и од музиката која се нарекува „христијански рок„, „contemporary„ и слишни жанрови. Таа музика можете слободно да ја сместите на исто место каде што и светската музика. Тоа ви нешто слично како на пример,(замислете дека постои) адвентистичка или христијанска порнографија... Запамтете, само зборовите или само музиката не ја сочинуваат музиката. Тоа ви е нешто слично како човекот, сочинето од Дух и Тело. Кога ке се спојат повеќе компоненти на музиката прават една целина и тоа се заедно е музика. Затоа пазете што слушате затоа што тоа е една сериозна работа и орудие со кое се служи ѓаволот да не одврати од правиот пат. Покрај апетитот, ова му е едно од најјаките оружја заедно со филмовите. Сетете се само кој бил Луцифер на небото? Тој бил водач на ангелскиот хор! Затоа е светската музика толку добра и интересна, и пријатна за слушање(само на прв поглед). Ѓаволот знае да стави една доза материја како никотинот во музиката и со тоа ствара зависност! Пазете што слушате и барајте од Бог да ви покаже која е правата музика со која треба да го славите.