Автор Тема: Работата на пророците  (Прочитано 629 пати)

Отсутен visioner

  • Administrator
  • Sr. Member
  • *****
  • Пораки: 412
  • Репутација: +4/-0
    • Погледај го Профилот
    • SDA Kavadarci
Работата на пророците
« на: Февруари 10, 2009, 05:49:44 pm »
Што всушност претставува работата на пророците ?

   Често на пророците им се препишувала функција на пророкување на идните случувања. Но, тоа не е нивна единствена и најглавна функција.Нивните активности биле многустрани и нивните одговорности многу големи.

   Нивните пораки биле наменети за избраниот Божји народ,но и за целиот свет.

   -Пророците зборувале во името на Бог и за Бог. Тие биле уста Божја.

   -Пророкот морал да го зборува тоа што и сам Бог би го зборувал кога би бил меѓу луѓето.

   -Како лични Божји претставници, пророците ја изнесувале Божјата вест на народот.

   -Пророците ја откривале Божјата намера на народот.

   -Исто така, пророците често биле советници на властите.

   -Пророците го храбреле народот на верност кон Бога, го опоменувале и укорувале во случај да застрани од вистинскиот пат.

   -Пророците биле морални и религиозни учители на својот народ, моќни проповедачи на правдата.

   -Пророците ја предвидувале иднината.

   -Пророците често протестирале против социјалната неправда,идолопоклонството,неморалот,формалистичкото богослужение и лицемерие, и многу други.

   Пророковата функција на укорување и протестирање,како и на сопштување на веста Божја воопшто не била лесна, но како функција морало да се изврши.

   Како сите пророци и работата на Елена Вајт не била лесна. Била честопати соочена со болести,прерана смрт на своите деца, сиромаштија, лажни обвинувања од другите верници и др. И покрај сите тешкотии била темел на адвентистичкото движење, изнела многу вистини од Библијата во многу ракописи, имала многу визии, ги укорувала тогашните верници во илјадници писма и целиот свој живот била посветена во работа и служба за Бога.

Извор